Search

Даниел Крејг позитивен на Ковид-19, претставата „Макбет“откажана

Бродвејската претстава „Макбет“ е откажана до 8 април, откако во изминативе денови беа откриени позитивни резултати од тестот за Ковид кај ѕвездата Даниел Крејг. Првично, откажувањата на претставата важеа за попладневните и за вечерните настапи, како што беше објавено на Твитер профилот на продукцијата. Исто така, беше потврдено дека сите билети ќе бидат вратени на првобитното место на купување. Тоа важи и за настапите до 8 април.

„Им се извинуваме на сопствениците на билетите за непријатноста, но безбедноста на нашата публика, актерската екипа и техничкиот тим останува наш главен приоритет“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Даниел Крејг (54), актерот од сагата за Џејсм Бонд, во моментов е актуелен со познатата Бродвејска претстава „Магбет“, базирана на драмата на Вилијам Шекспир, во Њујорк со актерката Рут Нега покрај себе. Претставата требаше да се одржи во театарот „Лонгакре“.

Треба да знаете
Последни објави