Search

Амброзио со партнерот на пролетен одмор на Бахамите

Бразилската бомба Алесандра Амброзио беше фотографирана додека го бакнува своето момче Ричард Ли за време на нивниот пролетен одмор на островот Њу Провиденс на Бахамите.

Во видеото споделено на инстаграм-профилот на супермоделот, Ричард ја подига Алесандра – која следниот понеделник ќе наполни 41 година – во своите раце додека газат во тиркизните води на плажата Кејбл во Насау.

Ова живописно место е лоцирано надвор од „Баха мар резорт“, луксузен комплекс од 1.000 акри.

Водителката на Cut Brazil, која може да се пофали со 18,6 милиони следачи на социјалните мрежи, објавата на Инстаграм ја наслови: „Сите понекогаш се заљубуваат“.

Алесандра и нејзиниот сребрен лисец, како што го нарекуваат таблоидите,  започнаа врска во декември 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави