Search

Русите со нова порака од ЕУ: Ќе одговориме на вашите санкции

Русија соопшти дека нема да бара од Европската унија укинување на санкциите, туку ќе одговори на нив, пренесе руската агенција РИА Новости.

– Имаме доволно наши залихи и алтернативи. Европската унија не е центар на вселената – изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Николај Кобрец, пренесува Ројтерс.

Русија рече дека ќе одговори на санкциите на ЕУ, велејќи дека 27-те земји-членки може да сфатат дека не се заинтересирани за конфронтација со Москва, пренесе РИА.

– Потезите на Европската унија нема да останат без одговор. Неодговорните санкции од Брисел веќе негативно се одразуваат на секојдневниот живот на обичните Европејци – рече Кобринец.

Треба да знаете
Последни објави