Search

Промоција на билатералната соработка со Кралството Норвешка

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска во рамки на официјалната посета на Кралството Норвешка, ја инаугурираше Македонско – Норвешката трговска комора.

На настанот присуствуваа повеќе реномирани норвешки компании кои имаат отворени бизнис релации со Р. Северна Македонија, меѓу кои Normak, Innovation Norge, Pemco, Norske Solar, Exco, Sparpark, SM Enterprenour/Recover.

 

Исто така на свечоноста учествуваа и претставници од Министерството за надворшни работи на Норвешка меѓу кои Арне Санес Бјорнштад кој е специјален пратеник за Западен Балкан, Кристин Мелсом Директор за југоисточна Европа при МНР на Норвешка и други.

 

За време на состанокот Османи истакна дека актуелните инвестиции на Innovation Norge во Нормак и потенцијалните инвестиции на споменатите компании, како и воспоставувањето на Македонско – Норвешката трговска комора ќе дадат силен поттик на бизнис заедниците за нивна поблиска и поинтензивна соработка со што ќе се придонесе кон зголемување на трговската размена.

Треба да знаете
Последни објави