Search

Приведен тетовец за издржување на затворска казна 

На 31.03.2022 во 07.50 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Тетово. При извршена проверка било констатирано дека е со мерка „апси” во службената евиденција, по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка – Оддел за потраги и од СВР Тетово за издржување затворска казна. А.Ј. бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово, кои подоцна го спровеле во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави