Search

Кина во пресрет на самитот со ЕУ: Остануваме независни за украинската криза

Кина одржува независен став за украинската криза, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан, коментирајќи ги извештаите за планираниот притисок од политичарите на ЕУ врз Кина за време на денешниот самит ЕУ-Кина.

„Што се однесува до Украина, Кина се придржува до независна мирољубива надворешна политика и носи сопствени одлуки врз основа на факти“, рече портпаролот.

Лидерите на Европската унија и Кина самитот ќе го одржат денеска преку видео врска, а главна тема ќе биде ситуацијата во Украина.

Во име на ЕУ, на самитот ќе присуствуваат претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен.

Од кинеска страна ќе присуствуваат претседателот Си Џинпинг и премиерот Ли Кечијанг.

Треба да знаете
Последни објави