Search

Денеска продолжуваат преговорите – Русија отфрли важен украински предлог

Мировните преговори меѓу Русија и Украина треба да продолжат денеска. Предвидено е тие да се одржат онлајн.

Според Би-Би-Си, Украина во последната рунда мировни преговори предложила да се откаже од своите амбиции да се приклучи кон НАТО и да стане неутрална држава во замена за безбедносна гаранција која ќе го обезбеди нејзиниот мир.

Предлогот на Украина вклучуваше замрзнување на статусот на окупираниот Крим на 15 години, за време на кои ќе се расправа за ова прашање.

Сепак, заменик-претставникот на Русија во ОН Дмитриј Полјански го отфрли предлогот, велејќи за Би-Би-Си дека иако е премногу рано да се зборува за спецификите на мировниот договор, нема што да се разговара за Крим и дека тој е дел од Руската Федерација.

– Мислам дека ова прашање е затворено така што нема за што да се консултираме – рече Пољански, додавајќи дека Русите не го разгледуваат прашањето за враќање на Донбас во Украина.

Полјански реагирал нешто поблаго на прашањето за прифаќање на влезот на Украина во Европската унија, јавува Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави