Search

Високи припадници на украинската армија обвинети за геноцид во Донбас

Руските истражители обвинија 22 лица за геноцид врз населението во Донбас што зборува руски, меѓу кои и поранешниот украински министер за одбрана Валери Гелетеј и началникот на украинскиот Генералштаб Виктор Муженко, соопшти рускиот Истражен комитет.

Во текот на истрагата, соработниците на комитетот анализирале голем број документи и други податоци, пренесува РИА Новости.

„Податоците содржани во нив овозможија проширување на обвинувањата против одредени високорангирани украински воени лица вклучени во страдањата на цивилите во Донбас. „Врз основа на тие докази, 22 лица се обвинети за геноцид врз цивилното население чиј мајчин јазик е рускиот“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави