Search

Актерот Ален Делон планира евтаназија, не сака да биде беспомошен старец

Актерот Ален Делон одлучи да го заврши животот со евтаназија. Ова го потврди неговиот син Ентони, кој изјави дека татко му се одлучил на овој чекор за да не мора да поминува низ разни болести.

Синот на легендата на француското кино, во интервју за француското радио RTL рече дека неговиот татко решил доброволно да го прекине животот. Тој не сака да стане беспомошен старец со многу болести.

„Ме замоли да го организирам тоа“, порталот „Скај њуз“ го цитира Ентони, кој додаде дека татко му го замолил да го придружува на неговото ‘последно патување’.

Делон (86) живее во Швајцарија, каде ‘доброволна асистирана смрт’ е легална. „Во одредена возраст и момент, човек има право да си замине тивко без да помине низ болест“, изјави Делон пред извесно време.

Здравјето на Делон се влоши во 2017 година, кога почина неговата долгогодишна партнерка и позната француска актерка Миреј Дарк. Делон претрпе двоен мозочен удар во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави