Search

Егоров се пласира во полуфиналето на ЕП во борење!

Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров, ќе се бори за златниот медал на Европското првенство (ЕП) во категоријата до 57 килограми, кое денеска почна во Будимпешта.

Тој попладнево прво го победи Никлас Штехеле од Германија со 5-4, а во битката за големото финале беше убедлив против Манвел Ханџрстајан од Ерменија со технички нокаут (10-0).

Фати Вејсели испадна во четвртфиналето по победата над Џанлука Таламо (Италија) и поразот од Зирадин Бајрамов, Дејан Митров беше елиминиран уште во првиот меч на шампионатото, додека Могамдгаџи Нуров, ќе чека шанса преку репасажот да обезбеди пласман во полуфиналето.

Треба да знаете
Последни објави