Search

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер

Младиот Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел имаше стравичен инцидент по кој се распарчи болидот на Хас во втората квалификациска сесија денеска во Џеда за трката од Големата награда на Саудиска Арабија.

Шумахер изгуби контрола, па се заби во заштитната ограда на 12-от свиок од уличната трка во Џеда, а после инцидентот, неговиот тим објави дека германскиот возач е свесен и комуницира, но превентивно ќе оди на лекарски прегледи во медицинскиот центар.

Треба да знаете
Последни објави