Search

Жоржињо: Ова ептен боли!

Играчот на Челси, Жоржињо посочи после елиминацијата на Италија дека ова што им се случи од Македонија – ептен боли.

Жоржињо посочи дека Италија направила доволно шанси, но не ги искористила за да обезбеди финале за пласман на Мундијалот, а неговите два промашени пенали во квалификацискиот циклус ги чинеа директен пласман.

„Ова е огромно разочарување. Ова боли – ептен боли!“, рече Жоржињо.

„Ние создаваме шанси, ама немаме реализација. Нема што некого да обвинуваме, но реалноста е таа. Кога не даваш гол, ќе направиш некоја ситна грешка и тоа ќе биде разликата на крајот. Многу ме боли ова. Ние ќе продолжиме напред, ама болката е голема“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави