Search

Капело: Секоја чест за Македонија, но ние мораме да победиме

Италија со нетрпение го очекува баражот против Македонија за пласман на Светското првенство, средба која е закажана за утре во вечерниот термин од 20:45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Домашната селекција е апсолутен фаворит на хартија и поради тоа целиот притисок е кај нив затоа што ова за нив е меч да се биде или не од проста причина што сметаат дека мораа да не минат, а потоа и да се пласираат на мундијалот во Катар.

Во медиумите актуелни се доста познати имиња, група во која дефинитивно спаѓа Фабио Капело кој порача дека не почитува како репрезентација, меѓутоа Италија во никој случај не може да згреши против момците на Благоја Милевски.

-Дали Македонија е сериозна пречка? Јас ќе речам дека Македонија мора да се победи. Мораме да победиме, тоа го знаеме, ќе успееме ако ја имаме таа желба и скромност што ја покажавме од првиот меч, па се до финалето на Вембли на ЕП.

-Мора да сме фокусирани. Со должна почит кон Македонците кои се добар тим, ние не смееме да помислиме оти се епремостлива пречка на патот кон мундијалот. Не можете да ја пропуштите оваа шанса. Вистинскиот ривал е тој со кого ќе се соочиме во финалето, Португалија или Турција, -порача трофејниот стручњак.

Треба да знаете
Последни објави