Search

Пролет, време за нов почеток, инвестирајте во сигурна иднина

Месеците кога природата се буди се најинспиративни за промени кон нешто ново. Пролетта со себе носи нови идеи и желби за некоја позитивна промена, така таа може да стане синоним за почеток на некои други важни работи во нашите животи. Саник е посветен на креирање и создавање на урбани и функционални станбени објекти со уникатен дизајн кои овозможуваат вистински да ја почуствувате пролетта.

Кога нешто посакуваме,се трудиме да го оствариме. И не е важно дали нашите цели се големи, важно е само колку напорно работиме за да ги постигнеме. Секогаш го избираме најдоброто за добар живот,а најдобро е да се избере локација со мирна околина, која се истакнува по својата местоположба, инфраструктура и квалитет на градба. Која е многу повеќе од само локација и нуди теретана на отворено, простор за домашни миленици, близина на трговскиот центри, приватен паркинг, добри врски со останaтите делови од градот, игралиште за деца,спортски и рекреативни објекти, кејот покрај реката Вардаридеален за возење ролери, велосипед, пешачење или трчање. Додека децата си играат, родителите можат да уживаат во голем број на ресторани и кафетерии.

Skopje Riverside е многу повеќе од само локација. Ново урбано место во кое се наоѓаат четири станбени единици, два деловни објекта и сопствена катна гаража, со вкупен брoj од 1496 стана и 2456 паркинг места. Проектиран по најсовремени архитектонски решенија кои ќе овозможат вашиот живот да добие нова димензија на префинетост и ексклузивност. На своите идни станари ќе им овозможи комфорно, удобно и сигурно место за живот.

Пролетта е годишно време кога сите ние сакаме широко да ги отвориме прозорците и да уживаме во мирисот на липите, маслинките и јоргованот,а токму според ова се водевме при осмислување на нашиот проект С -Блок, сместен во еден од најубавите делови на нашиот град, на падините на планината Водно, ви овозможува избор на дом и живеење на чекор од природата. Со лесна пристапност до мирното и зелено окружување дефинитивно ги задоволуваме и нај деликатните барање на нашите клиенти и со тоа ја остваруваме идеалната слика на вашиот совршен дом.

Живеењето во  С – Блок ви овозможува секогаш да сте на само чекор од природата. Во вашиот нов дом со секое изгрејсонце да го гледате будењето на градот како на дланка и секое утринското кафе ќе го пиете на вашата тераса во природно опкружување, а навечер ќе ја слушате тишината без никој да ја нарушува.

Одберете дом со прекрасен зелен простор пред себе, приватност и панорамски поглед кон градот, или кејот на реката Вардар.

Саник, Вашиот нов дом

Треба да знаете
Последни објави