Search

Пит Дејвидсон дефинитивно не оди во вселената со Џеф Безос

Ѕвездата на Saturday Night Live мораше да се откаже од претстојното патување на „Блу ориџин“ – што ќе биде 20. мисија на приватната вселенска компанија во сопственост на основачот на „Амазон“, Џеф Безос.

Програмата за истражување на вселената неодамна твитна: „Дваесеттиот лет на ‘Блу ориџин’ со ‘Њу шепард’ е поместен за вторник, 29 март. Пит Дејвидсон не е во можност да ѝ се придружи на посадата на NS-20 во оваа мисија. Во наредните денови ќе го најавиме шестиот член на екипажот“.

Според медиумите, јасно е зошто Пит, кој е во љубовна врска со Ким Кардашијан од октомври откако таа ја водеше неделната скеч-комедија на Ен-би-си, не може да учествува во мисијата.

Минатата недела Ким откри дека Пит одамна планира да го обележи своето тело во чест на ѕвездата на Кардашијанови и „да се брендира“ со нејзиното име. Таа додаде дека 28-годишниот комичар истетовирал „Мојата девојка е адвокат“ на неговата клучна коска, што според неа, е навистина слатко.

Веста за тетоважите дојде истата недела кога Канје Вест, поранешниот сопруг на Ким, беше суспендиран од Инстаграм на 24 часа поради прекршување на правилата на платформата по неговите закани кон Пит.

Платформата ја избриша содржината испратена од профилот на Вест која е во спротивност со нејзините политики за говор на омраза и вознемирување.

Треба да знаете
Последни објави