Search

Македонците се најнесреќни луѓе на Балканот

Финска петти пат го зазеде местото на најсреќна земја за живеење, а Македонија е на 89. место меѓу 146-те рангирани земји, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата за одржлив развој на ОН.

Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори, како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.

Од земјите во регионот најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22. место, потоа Србија на 43., Хрватска на 47., БиХ на 67., Црна Гора на 75., а Северна Македонија е на 89. место.

Во споредба со лани, од земјите во регионот само БиХ и Црна Гора паднале за неколку места. Според минатогодишниот извештај, Словенија беше на 29. место, Србија на 48., Хрватска на 60., БиХ на 64., Црна Гора на 70., а Северна Македонија на 94. место.

Америка падна на 16. место од ланското 14-то, Велика Британија на 17. во однос на ланското 18., а Франција, без промени, е на 20. место.

Од земјите на поранешниот Советски Сојуз, Литванија и Естонија имаат најдобри показатели, на 34. и 36. место, потоа Молдавија – 62., Киргистан – 64., Белорусија – 65., Туркменистан – 78., Русија – 80., во споредба со минатогодишното 60. место, пренесува „РИА новости“.

Најнесреќни земји, според ОН, се Авганистан, кој е на последното место, и Либан.

Треба да знаете
Последни објави