Search

Ѓоко Зајков до крајот на сезоната ќе игра во Славија Софија

Македонскиот фудбалски репрезентативец кој има договор со украинскиот тим Ворскла, Ѓоко Зајков до крајот на сезоната ќе настапува за бугарскиот тим Славија Софија.

Кога почна руската инвазија врз Украина, Зајков се врати во Македонија. Тој сега има право да попише краткорочен договор со клуб од друга земја и тоа ќе го направи.
До крајот на сезоната Зајков ќе игра во бугарскиот клуб, Славија Софија.
„Го ангажиравме Зајков. Тој ќе игра во Славија како позајмен фудбалер до крајот на сезоната“, изјави претседателот на бугарскиот клуб, Венци Стефанов.
Треба да знаете
Последни објави