Search

Леброн испиша историја во дебаклот на Лејкерс

Лидерот во Запандата конференција, тимот на Феникс славеше со 140:111 против екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Иако на „езерџиите“ не им оди најдобро оваа сезона, сепак тоа не го спречува нивниот најдобар кошаркар, Леброн Џејмс, да влезе во историјата на НБА.

„Кралот“ стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој успеал да забележи преку 30.000 поени, 10.000 скокови и 10.000 асистенции. Ѕвездата на Лејкерс мечот го заврши со 31 поен, седум освоени топки под обрачите и шест додавања. Во победничкиот тим Девин Букер имаше учинок од 30 поени и 10 асистенции, Деандре Ајтон додаде 23 поени и 16 скока, додека Мајкл Бриџис беше стрелец на 18 коша.

Резултати: Бруклин – Њујорк 110:107, Детроит – ЛА Клиперс 102:106, Бостон – Далас 92:95, Орландо – Филаделфија 114:116 (по прод.), Оклахома – Мемфис 118:125, Атланта – Индијана 131:128, Њу Орлеанс – Хјустон 130:105.

Треба да знаете
Последни објави