Search

Јувентус убедлив на гостувањето кај Сампдорија, два гола на Мората

Јувентус со 3-1 победи на гостувањето кај Сампдорија и освои три големи бода во борбата за позициите на врвот од Серија А.

Масимилијано Алегри подолго време најавуваше дека ќе мора да му даде одмор на Душан Влаховиќ, но тоа го направи дури денеска на гостувањето во Џенова. Србинот остана на клупата за резерви, но одговорноста ја презема Мората кој постигна два гола и беше клучен за новата победа која ја оствари Јувентус во Серија А. Влаховиќ ги одигра последните 25 минути од мечот.

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Јошида си постигна автогол. Десетина минути подоцна Мората од пенал зголеми на 2-0.

Во 74. минута Сампдорија пропушти голема шанса откако Кандрева не реализираше пенал, Шчесни го одбрани неговиот удар.

Десет минути потоа Сабри даде гол од слободен удар со помош на живиот ѕид на Јуве и намали на 2-1.

Домаќините атакуваа кон израмнување, но ги олади Мората со својот втор гол на натпреварот, погоди во 88. минута за конечни 1-3.

Јувентус дојде на минус четири од лидерот Милан кој вечерва игра на домашен терен против Емполи и на бод зад Наполи кој утре гостува кај Верона.

Треба да знаете
Последни објави