Хет-трик на Роналдо за триумф над Тотенхем

Кристијано Роналдо го пропушти големото дерби против Манчестер Сити и по истото се крена голема прашина околу неговата „повреда“, но само седум дена подоцна, Португалецот им одговори на сите критичари со извонредна партија.

Манчестер Јунајтед останува во трката за топ четири пласман во Премиер лигата, пред се благодарение на искусниот Португалец кој вечерва постигна хет-трик и испиша историја.

Тотенхем на двапати се враќаше во игра и израмнуваше со голот од пенал на Кејн и автоголот на Мегваер, но едноставно избраниците на Конте немаа решение за расположениот Кристијано.

Роналдо направи историја во првото полувреме со постигнатите два гола, па откако стана најдобар стрелец во историјата на фудаблот со 806 гола, го постигна и 807-от за победа на Јунајтед.

Тотенхем израмни на 2:2 во 72-та минута, но Роналдо „полета“ во 81-та и донесе ново водство за Јунајтед, трето со неговиот трет гол на средбата. Веднаш по голот, Кристијано беше повлечен од игра, а Јунајтед до крајот успеа да ја задржи предноста и славеше со 3:2.

Треба да знаете
Последни објави