Search

На Кулушевски не му се зборува на македонски

Дејан Кулушевски има македонски корени и често го истакнувал тоа во разговорите со светските медиуми, но денеска не собра храброст да даде интервју на македонски јазик, иако доби таква шанса од „Спорт Клуб“.

Познатиот новинар на хрватската телевизија кој е дел од дерби натпреварите во Премиер лигата одработи интервју со Кулушевски по крајот на мечот на „Олд Трафорд“, а иако интервјуто започна на јазик од ова подрачје, Дејан не се осуди да зборува на македонски.

Фудбалерот на Тотенхем очигледно се чувствува многу покомотно кога зборува на англиски јазик, па на новинарот Невен Цвијановиќ му порача дека македонски зборува „по малце“ и продолжи на англиски.

– Треба да победуваме на вакви натпревари. Имавме многу шанси да победиме, но на крајот загубивме. Првпат играм тука, беше неверојатно да се игра на „Олд Трафорд“. Се обидов да уживам, бевме добри, но на крајот не беше доволно, затоа сум бесен, порача Кулушевски кој смета дека Тотенхем е млад тим кој допрва треба да учи и да стекне континуитет.

Треба да знаете
Последни објави