Мбапе следната недела потпишува за Реал и веднаш ќе добие 60 милиони евра

Конечно завршена е сагата околу Килијан Мбапе. Како што тврди угледната шпанска „Марка“, Французинот од следната сезона и дефинитивно ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Завршени се разговорите меѓу двата клуба, па согласно најавите договорот меѓу Реал Мадрид и Мбапе ќе биде потпишан до крајот на престојнава недела.

„’Кралевите’ веднаш по потпишувањето на договорот ќе му исплатат меѓу 60 и 80 милиони евра, а годишно би требало да заработува 25 милиони евра нето“ – пишува „Марка“.

По неуспешната офанзива минатото лето и одбивањето на бројните понуди за Мбапе од страна на Насел Ал-Келаифи, конечно Перез ќе го добие тоа што го сака. Интензивирањето на преговорите последните денови очигледно вродиле со плод, па до петок се очекува да биде официјализиран договорот за трансферот на францускиот репрезентативец.

Треба да знаете
Последни објави