Ливерпул рутински против Брајтон, ја продолжува трката со Сити

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 2:0 на гостувањето кај Брајтон во рамки на 29 коло од Премиер лигата. Ливерпул со победата му се приближи на само три бода на лидерот на табелата Манчестер сити десет кола до крајот на сезоната, што е најава за супер возбудива трка битка за титулата.

До предност Ливерпул стигна уште во 19. минута кога голот за 1:0 го постигна Луис Диаз после асистенцијата од Матип. И во продолжение од натпреварот Ливерпул го диктираше темпото. Одлична шанса во 57. минута имаше Мане, но неговиот удар заврши во пречката. Само четири минути подоцна Ливерпул дојде до водство. Досуден беше пенал кој го реализираше Салах.

До крајот Ливерпул го смири темпото на игра и го приведе натпреварот кон крајот. На табелата Ливерпул е второпласиран со 66 бодови и имаат три бода помалку во однос на Сити. Брајтон е на 13. позиција со 33 бода.

Посебно интересна беше ситуацијата со првиот гол на Ливерпул кој го постигна Дијаз. Имено, тој со глава ја испрати топката во мрежата, по што голманот Роберт Санчез ја пресече со потег што се гледа во ММА борби. Интересно е колку траеше комуникацијата меѓу судијата Мајк Дин и ВАР-собата, но исклучувањето не беше досудено, згора на тоа, Санчез не доби ниту жолт картон за прекршокот.

Уривањето на Дијаз погледнете го ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави