Леброн Џејмс со 50 поени, важна победа за ЛА Лејкерс

Леброн Џејмс одигра брилијантен натпревар доведувајќи ги ЛА Лејкерс до триумф над Вашингтон од 122-109 во еден од најинтересните синоќешни натпревари во НБА лигата.

Леброн постигна дури 50 поени дополнети и со седум скока и шест асистенции, со шут од 72% од игра.

Маестралната партија на Леброн донесе важна победа за ЛА Лејкерс во битката за плеј-оф. Заедно со него одличен беше и Малик Монк со 21 поен како и Хортон-Такер со 15 поени и пет скока. На спротивната страна Кузма заврши со 23 поени поени.

За Леброн Џејмс ова беше 16-ти натпревар во кариерата со постигнати најмалку 50 поени. Пред една недела брилјираше и против Голден стејт со 56 поени, што е за него трет најдобар ефект во кариерата.

Дербито за Тексас, очекувано, заврши со триумф на Далас маверикс во пресметката со Хјустон рокитс (113-100). Во оваа победа на гостински терен блескаше Лука Дончиќ, кој реализира 30 поени, што за него беше 124. дабл-дабл ефект во 250 одиграни натпревари во најсилната лига на светот.

Во останатите синоќешни натпревари во НБА лигата, Орландо славеше над Минесота со 118-110, Атланта против ЛА Клиперс со 112-106, Бостон го победи Детроит со 114-103, Торонто победи на гостувањето против Феникс со 112-117, Мајами пред своите навивачи го победи Кливленд со 117-105 а Мемфис беше подобар од Њујорк никс победувајќи со 118-114.

Треба да знаете
Последни објави