Search

Абрамович најде безбедно пристаниште во Јадран: Суперлуксузната мегајахта закотвена во Тиват

Подгорица објави дека јахтата на Абрамовиќ „Соларис“ пристигнала во Тиват во саботата наутро од Барселона.

Суперјахтата „Соларис“, сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, во саботата наутро вплови во црногорскиот град Тиват, пишува подгорички Вијести.

Бродот долг 140 метри со над 11.000 бруто тони се закотви кај ртот Сељаново, во близина на марината Порто Монтенегро.

Соларис пристигна во Тиват од Барселона, од каде што исплови на 8 март по краток ремонт, околу 24 часа пред неговиот сопственик Абрамович да биде вклучен во списокот на руски функционери и претприемачи кои подлежат на санкции од Европската унија поради агресијата на Русија врз Украина.

Деновиве на дело е несекојдневна игра на пребарување и криење меѓу властите на земјите кои се приклучија на санкциите воведени кон Русија и руските олигарси на кои им се заканува конфискација на имотот, пред се луксузните и ултра скапите суперјахти.

Прашање е како црногорските власти кои посочуваат дека до крај ќе ја следат надворешната политика на ЕУ, ќе постапат во случајот со „Соларис“ и неговиот сопственик.

Треба да знаете
Последни објави