Search

Бајрак: Англичаните не сакаат Турчин да им го купи Челси

Турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак вели дека неговите шанси да го купи Челси се минимални бидејќи англиската влада нема да сака Турчин да го купи клубот од Лондон. Тој вчера објави дека бил блиску до договор со Роман Абрамович, пред тој да биде поставен под санкции на британската влада.

-Денеска добив електронска порака од клубот и од британската влада. Британското министерство за економија вели дека можеме да го купиме клубот, а ние се подготвуваме за тоа веќе 15 дена. На 27 февруари почнаа преговорите. Нашите односи со Абрамович беа одлични, но кога поднесовме апликација, британската влада ги замрзна поседите на Абрамович. Бевме договорени и за цената – 1 милијарда фунти ќе беа покриени од фондација во Англија, а ќе го преземевме клубот со сите долгови и спонзори и ќе беше завршено за една недела. Мислам дека нема да сакаат човек од Турција да го купи клубот. Сите треба да знаат дека Република Турција е голема земја во која има сериозни бизниси. Како Турчин, мојата боја во светот е црвена и бела и секогаш ќе се гордеам во турското знаме. Ако оваа зделка пропадне бидејќи сум турски бизнисмен, тогаш ќе бидам почестен со тоа, вели Бајрак.

Тој е еден од водачите на „племето“ Мутки од Битлиси, едно од најголемите семејства во Турција, претседател е на AB Group Holding, компанија која инвестира во криптовалути, градежништво, туризам и енергија и е „тешка“ речиси девет милијарди евра. Компанијата е основана од Бајрак во 1999 година со седиште во Истанбул, но работи и надвор од Турција – во Италија, Грција и Шпанија; Тој во последно време многу инвестираше во Лондон …

Треба да знаете
Последни објави