Вучиќ: Србија нема да се приклучи на санкциите кон Русија и покрај притисоците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија.

-Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денес имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна, изјави Вучиќ.

На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.

-До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку за големото почитување на независноста и правото на другите земји да одлучуваат, кажа Вучиќ.

Запрашан од новинарите да коментира за „јавните прашања на хрватската РТЛ, колку долго ќе му биде дозволено на Вучиќ да седи на две столчиња, и во Брисел и во Москва“, претседателот повтори дека Србија има само едно, свое столче, но и посочи дека е изложен на големи притисоци.

– Ние имаме своe столче, а притисоците врз нашата земја се огромни и ќе биде многу тешко да ги издржиме, прашање е како и што… – рече Вучиќ.

Тој рече дека до доцна синоќа разговарал со претставници на повеќе земји, што ќе го направи денеска.

– Само толку за големото почитување на независноста и правото на другите земји да одлучуваат самостојно… Колку што можеме, ќе се држиме и ќе се заштитиме, бидејќи имаме една држава. Но, тоа не е едноставно ниту лесно – рече Вучиќ, додавајќи дека е благодарен за добрите желби од Хрватска и дека не очекува многу подобро од, како што рече, „големите пријатели во Загреб“.

На прашањето како ги коментира барањата на поединци Србија, како и ЕУ, да ги забрани руските канали Спутник и Раша Тудеј, Вучиќ кажа дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што поинаку зборуваат.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави и дека Хрватска има право да ја подигне борбената готовност на своите вооружени сили и додаде дека „на Србија не и паѓа на памет да прави такви работи.

-Длабоко жалиме што Србија не се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, што го поткопува нејзиниот процес за пристапување во ЕУ, и изразуваме очекување дека кандидатите за ЕУ ​​ќе се приклучат не само на заедничкото законодавство, туку и на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, стои во текстот на Резолуцијата за која денеска ќе се гласа во Европскиот Парламент.

Треба да знаете
Последни објави