Search

Црна Гора започна процедура за затворање на воздушниот простор за Русија

Министерството за надворешни работи на Црна Гора соопшти дека Црна Гора, како кредибилен кандидат за членство во ЕУ, доследно ја следи заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

Црна Гора покрена постапка за донесување одлука за затворање на воздушниот простор за руските авиони, изјавија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Министерството за капитални инвестиции, кое е надлежно за тоа прашање.

Така, Црна Гора ќе им се придружи на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), кои го затворија својот воздушен простор за воздушниот сообраќај со Русија како одговор на руската воена инвазија на Украина, јави РСЕ.

Треба да знаете
Последни објави