Search

Столтенберг: Путин го уништи мирот во Европа

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го уништил мирот во Европа со инвазијата на Украина.

„Западната алијанса ќе ја брани секоја педа од нашата територија“, додаде Столтенберг.

Тој нагласи дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина”.

Столтенберг претходно денеска рече дека НАТО не планира да влезе во Украина ниту на земја ниту во воздух. Говорејќи за NBC News, Столтенберг ја повтори својата поддршка за Украина и рече дека сојузниците на НАТО продолжуваат да обезбедуваат повеќе противтенковски ракети, воена и финансиска помош. Тој исто така рече дека Украина се чини дека нуди многу посилен отпор отколку што Русија веројатно очекуваше.

Треба да знаете
Последни објави