Search

Руското Министерство за одбрана најави дека ќе напаѓа цели во Киев

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува за напад врз цели во главниот град на Украина, јавува Би-би-си.

Во соопштението објавено попладнево руските власти најавија дека нивните сили се подготвуваат да извршат напади со висока прецизност врз технолошките центри на украинската служба за безбедност.

„Ги повикуваме граѓаните на Украина, кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев што живеат во близина на радиокомуникациските станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.

Официјални лица тврдеа дека нападите се со цел да спречат информациски напади врз Русија.

Треба да знаете
Последни објави