Search

Марјан Вајда и Ноле се разделија по долги 15 години

Долгогодишниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда, повеќе не е дел од тимот на српскиот тенисер, пишува „Спорт Клуб“.

Словачкиот тренер не беше со Ѓоковиќ од почетокот на сезоната, но за време на сите случувања во Мелбурн застана во одбрана на српскиот ас.

Иванишевиќ во иднина останува главен тренер на Новак Ѓоковиќ. Словакот Вајда повеќе од петнаесет години беше дел од тимот на еден од најуспешните тенисери во историјата.

Нивната соработка почна во 2006 година пред Ролан Гарос. Вајда беше дел од сите дваесет Грен Слем титули на Новак Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави