Search

Зеленски: Која е поентата 80 години да се кажува „никогаш повеќе“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер ја сподели својата фрустрација поради ракетниот напад врз Меморијалниот центар на холокаустот Бабин Јар во Киев.

Тој меморијален центар е изграден на најголемата масовна гробница во Европа, каде нацистите убија повеќе од 33.000 Евреи за само два дена во 1941 година.

„ Која е поентата 80 години да се кажува „никогаш повеќе“, ако светот молчи кога бомба паѓа на истото место на Бабин Јар? Најмалку петмина загинати. Историјата се повторува…“ напиша Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави