Search

Во Австрија страв од нуклеарен напад, во аптеките има недостиг од таблети калиум-јодид по окупацијата во Чернобил

Во Австрија, по руската окупација на областа околу украинската нуклеарна централа Чернобил и ставањето на руските нуклеарни сили во готовност, зголемена е вознемиреноста и побарувачката за таблети калиум-јодид, објавија утрово австриските медиуми.

Во аптеките низ Австрија има недостиг од таблети калиум-јодид, што се оправдува со потребата граѓаните да се снабдуваат во случај на потреба.

Министерството за здравство повеќе од 20 години набавува таблети калиум-јодид за населението. Старите таблети во моментов се заменуваат со нови, бидејќи старите истекоа во август, пренесуваат медиумите.

Таблетите со калиум-јодид обезбедуваат, по нуклеарен инцидент, доколку се земаат навреме, заштита од таложење на радиоактивен јод во тироидната жлезда и на тој начин го намалуваат ризикот од рак на тироидната жлезда.

Овие таблети за првпат им беа препорачани на граѓаните по инцидентот во нуклеарниот реактор во Чернобил, кога радиоактивните облаци стигнаа до Виена. Училиштата и градинките од тоа време имаат таблети калиум-јодид во нивните аптеки.

Луѓето на возраст од 18 до 40 години можат за мала цена да купат таблети во аптеките, а луѓето над 40 години не треба да ги користат бидејќи имаат многу низок ризик од рак на тироидната жлезда поради зрачење, а ризикот од несакани ефекти од таблетите е голем, пишуваат тамошните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави