Search

(Видео)Спасувачите ги пребаруваат урнатините на Харков – тажни сцени од центарот на гранатираниот град

Официјални лица во Харков соопштија дека најмалку 20 лица се повредени

На шестиот ден од специјалните операции на руската армија во Украина, од градот Харков пристигнуваат шокантни слики. Украина тврди дека Русите го гранатирале овој прекрасен град и дека во нападите се повредени најмалку 20 луѓе.

Ракета утрово го погоди строгиот центар на градот и падна на Плоштадот Слобода, пред зградите на државните институции.

Нема потврдени информации за бројот на жртвите. Некои велат дека се утврдува бројот на загинатите, а други тврдат дека загинале десетици цивили, меѓу кои и деца.

Регионалниот началник во областа Харков изјави дека руските сили ги таргетирале станбените области со проектили Град – артилериски систем на камион способен да истрела десетици ракети истовремено.

Олех Синехубов на социјалната мрежа Телеграм напиша дека руските војници пукале на „плоштадот пред канцеларијата на регионалната државна администрација“ и рече дека властите „сега ги проценуваат жртвите меѓу цивилното население“.

Треба да знаете
Последни објави