Search

УЕФА ја прекина соработката со „ГАСПРОМ“

Руската фудбалска репрезентација и сите клубови драконски беа казнети од страна на ФИФА и УЕФА.

Поради воениот конфликт во Украина, Русија и нејзините клубови се исфрлени од сите натпреварувања. Од ФИФА и УЕФА велат дека фудбалот обединува и дека тие се во целост со народот во Украина.

Европската куќа на фудбалот потврди и дека ја прекина соработката со руската компанија „ГАСПРОМ“.

Одлуката стапува во сила веднаш и ги опфаќа сите постоечки договори вклучувајќи ја Лигата на шампионите, националните натпреварувања на УЕФА и ЕП 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави