Search

Рибери повреден во сообраќајка, удрил во семафор

Поранешниот француски репрезентативец, Франк Рибери (38) е полесно повреден во сообраќајна несреќа, што се случи вчера во Салернитана. Возилото во кое бил Французинот удрило во семафор.

Рибери не бил зад воланот туку на совозачкото седиште. Констатирана му е полесна повреда на главата. Сега ќе мирува неколку дена, ова е мерка на претпазливост, се вели во соопштението на Салернитана, актуелниот клуб на Рибери.

Судирот дојде еден ден откако Рибери како капитен ја предводеше Салернитана во ремито 1-1 против Болоња.

Потсетуваме, поранешниот француски репрезентативец во младоста имал сообраќајка во која доби тешка повреда на лицето и 100 конци, оставајќ иму препознатлива лузна.

Треба да знаете
Последни објави