Search

Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023.

За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, а Украина една победа и два пораза.

На вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“, македонските кошаркари одиграа добра прва (21:18) и трета четвртина (17:15), но тоа не беше доволно да се избегне пораз од силниот противник.

Ненад Димитријевиќ со 25 поени беше најефикасен во поразениот тим, Мекфаден со 24 поени се истакна во грузискиот состав.

Треба да знаете
Последни објави