Search

Харден со победа дебитираше во Филаделфија, пораз на Феникс

Џејмс Харден дебитираше со победа во дресот на Филаделфија отако го доби гостувањето кај Минесота со 102-133. Бекот постигна 27 поени на кои додаде и 12 асистенции и 8 скока, но лидер на тимот беше Ембид со 34 поени и 10 скока. Макси беше прво име кај Минесота со 28 поени.

Њу Орлаенс стави крај на серијата од осум победи едно по друго на Феникс откако славеше со 102-117. Меколум го предводеше својот нов тим со 32 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека Букер постигна 30 поени и 5 асистенции за тимот од Аризона.

Лука Дончиќ и неговиот Далас претрпеа пораз од 114-109 од Јута. Словенскиот репрезентативец повторно беше лидер на својот тим, овој пат со 23 поени и 11 асистенции кои не беа доволни за победа. Во спротивниот табор Митчел постигна 33 поени и 5 асистенции.

Ар Џеј Барет броеше до 46 поени на кои додаде и 9 скока во поразот на Њујорк со 100-115 од Мајами. Тајлер Хиро беше првото име кај тимот од Флорида со 25 поени и 7 скока, додека 23 поени додаде Батлер.

Лос Анџелес клиперс ја запиша шестата победа по ред во градските дербија во НБА-лигата против Лејкерс откако славеше со 105-102.

Дури седум играчи на Клиперс беа двоцифрени во нападот и покажаа дека тимската игра е многу поважна од ѕвездите во ростерот, бидејќи се без Пол Џорџ и Каваи Ленард. Теренс Ман со 19 поени и Лук Кенард со 18 поени беа најдобри во победничкиот тим. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс со 21 поен и 11 скока, додека Расел Вестбрук и Ентони Дејвис реализираа по 18 поени.

Треба да знаете
Последни објави