Search

Ѓоко Зајков: Градот во кој се наоѓаме беше нападнат, ќе ги евакуираат странците

Членот на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Зајков, кој настапува во украинската фудбалска лига, за тимот на Ворскла од Полтава изјави дека градот бил цел на напад.

„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни“, вели македонскиот фудбалер.

Од клубот имаат најава за евакуација на странците.

„Намерата е да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот“, посочува Зајков во изјава која ја пренесе ФФМ.

Во градот моментно работат само маркети и многу мал број на ресторани, додава тој.

Украина од утрово е под воен напад на Русија.

Треба да знаете
Последни објави