Search

Шалке ќе го тргне логото на Газпром од дресовите

Логото на руската нафтена компанија Газпром ќе биде тргнато од дресовите на германскиот второлигаш Шалке, по денешната руска инвазија на Украина.

Клубот потврди дека логото на руската компанија ќе биде заменето со написот на името на клубот „Шалке 04“ како знак на солидарност со украинскиот народ кој е нападнат од руските воени сили.

Газпром 15 години е генерален спонзор на Шалке, а утринава првиот човек на руската компанија во Германија, Матијас Варниг, го напушти управниот одбор на фудбалскиот клуб и тоа по воведувањето на санкции од страна на САД за лица на високи позиции во нафтениот гигант.

Газпром е и еден од генералните спонзори на Лигата на шампионите и засега нема најави за раскин на договорот.

Треба да знаете
Последни објави