Search

Откажани се сите натпревари на руските екипи во Евролигата

Кошаркарската Евролига одложи два натпревари од денешната програма, а откажан е уште еден кој беше закажан за утре. Сите натпревари на кои играат руски тимови нема да се одиграат во рамки на 27.коло.

Вечерва не се одиграа натпреварите помеѓу Баерн Минхен и ЦСКА Москва, како и дуелот помеѓу Басконија и Уникс. Евролигата одлучи да го одложи и утрешниот натпревар помеѓу Зенит и Барселона.

Според соопштението на Евролигата ова се мерки на претпазливост преземени според статутот на организацијата. Сите 18 клубови членки на Евролигата утре ќе одржат состанок поради воената состојба во Украина и ќе се анализира ситуација и како овие настани ќе влијаат на натпреварувањето.

Треба да знаете
Последни објави