Search

Луческу: Не сум кукавица, останувам во Украина

Тренерот на Динамо од Киев, Мирчеа Луческу, нема намера да ја напушти Украина.

Романскиот експерт вели дека нема да се врати во својот дом откако руската војска влезе во источниот дел на Украина.

Луческу ќе остане да живее во тренинг центарот на Динамо иако сите спортски натпревари во земјата се суспендирани на 30 дена.

„Нема да го напуштам Киев и да се вратам во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека големите луѓе без мозок ќе ја спречат оваа војна. Никогаш не сум помислил дека ова е можно“, вели тренерот.

Луческу бил во Украина и во 2014 година кога започна граѓанската војна, тогаш во вжештената зона Донбас, како тренер на Шахтјор од Доњецк.

Мирчеа среде хаосот успеа да ги убеди странските фудбалери кои веќе побегнале, да се вратат во тимот кој на крајот го совлада Динамо со 2:0 во Суперкупот на Украина.

Треба да знаете
Последни објави