Search

Митровиќ го урна рекордот по број на голови во Чемпионшип

Српскиот репрезентативен напаѓач и фудбалер на Фулам, Александар Митровиќ постави нов рекорд по бројот на постигнати голови во англискиот Чемпионшип во една сезона.

Тој денеска во натпреварот од 34 коло против Питерборо го постигна својот 32 гол од почетокот на сезоната.

На тој начин го надмина Иван Тони кој минатата натпреварувачка сезона стигна до бројката од 31 гол во дресот на Брентфорд.

Митровиќ го постигна денешниот погодок во 28 минута од мечот од пенал.

Со оглед на тоа што до крајот на оваа сезона има уште 12 кола, а и тоа дека Фулам и два одложени натпревари, Србинот има шанса да го подобри рекордот.

Треба да знаете
Последни објави