Search

Македонија без селекторот Баиќ оди на гостувањето во Грузија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, ни по алтернативен пат нема да стигне до Тбилиси, каде националниот тим, во четврток, ќе игра против Грузија во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Откако, Косово, одби да му даде виза за влез во земјата, Бајиќ бараше решение како да стигне до Истанбул од каде тимот ќе лета кон Тбилиси. Сепак, селекторот, ќе остане во Скопје, бидејќи добил позитивен тест на коронавирусот.

Репрезентацијата во Тбилиси ќе ја водат неговите помошници. Постои шанса Бајиќ да биде на клупата во вториот меч со Грузија, на 27.февруари во Скопје.

Натпреварот со Грузија, покрај селекторот ќе го пропуштат и тројца значајни играчи од надворешната линија: Андреј Магдевски, Ненад Димиритијевиќ и Дамјан Стојановски.

Треба да знаете
Последни објави