Search

Интер покажува интерес за тројца играчи на Сасуоло

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, за „Скај Италија“, проговорил за плановите на клубот во летниот преоден рок. Марота потврди дека во наредните денови ќе биде официјализиран новиот договор со еден од најважните играчи во тимот, Марцело Брозовиќ.

Марота открил дека Интер има намера да ги продолжи договорите и со капитенот Самир Хандановиќ, односно Иван Перишиќ.

„Перишиќ и Хандановиќ се нашата снага. Сакаме заедно да го продолжиме нашиот пат. Ќе седнеме и ќе се договориме, двајцата сакаат да останат“, рекол Марота.

Првиот оперативец на актуелниот шампион на Италија, потоа ги открил желбите за летниот преоден рок. Интер внимателно следи тројца фудбалери, сите се од Сасуоло. Оваа екипа, во неделата, го победи Интер во Милано со 2:0.

„Скамака, Распадори и Фратези се вистински шампиони. Ги следат неколку клубови, што значи дека одлично работат“.

Треба да знаете
Последни објави