Search

Финските хокеари преку Русија до своето прво олимписко злато

Финската хокеарска репрезентација, конечно, првпат во својата историја го освои златниот медал во хокејот на мраз, откако во финалето во Пекинг со 2:1 ја победија Русија и го освоија последниот медал на Олимпијадата.

Виле Пока и Ханес Бјорнинен постигнаа гол, додека Хари Сатери беше фантастичен на голот, бранјеќи 17 удари за Финците да го завршат турнирот непоразени со голема победа над актуелните шампиони.

Финска во својата историја имаше повеќе појавувања на олимпискиот подиум, освојувајќи медал на пет од последните седум Олимпијади, но ниту еднаш не беа златни. Тие играа две финалиња, во Калгари во 1988 и во Торино во 2006.

Словачка, пак, со помош на два гола од тинејџерската сензација Јурај Слафковски ја совлада Шведска со 4:0 во саботата за бронзениот медал, нивни прв медал во олимписката историја.

Хокеарските натпревари во Пекинг беа први по подолго време без присуство на НХЛ ѕвездите.

Треба да знаете
Последни објави