Search

Норвешка најуспешна нација на ЗОИ во Пекинг

Репрезентацијата на Норвешка е најуспешната селекција на Зимските олимписки игри кои денеска ќе бидат завршени во Пекинг. Скандинавската земја успеа да освои 37 медали, од кои 16 се златни.

Норвежаните имаат најмногу медали кога ќе се брои севкупниот поредок, но и со своите 16 златни медали се исто така најуспешни на ЗОИ, а имаат уште и осум сребра и 13 бронзи.

Германија е трета по севкупниот број на медали и има вкупно 27, но е втора според нивното значење, бидејќи има 12 златни, 10 сребрени и пет бронзени медали.

Селекцијата на Русија освои 32 медали, со што е втора по вкупниот број, но е дури деветта по бројот на златни – само шест, а освои и 12 сребра и 14 бронзи.

Домаќинот Кина освои вкупно 15 медали, од кои девет се златни, четири се сребрени и две се бронзени, што ја поставува на третото место. Селекцијата на САД е четврта со 10 златни и вкупно 25 медали.

Треба да знаете
Последни објави