Search

Кикс на Милан, освои само бод против „фенерџијата“ Салернитана

Фудбалерите на Милан се сопнаа во Салерно. Против последно пласираната Салернитата одиграа 2:2 во рамките на 26.коло. Милан ќе остане лидер, барем до денеска кога Интер ќе го одигра својот меч од ова коло.

Дуелот против Салернитатна започна идеално за Милан. Жуниор Месијас постигна гол во петтата минута за водство 0:1. Домашниот тим израмни преку Бонзацоли во 29.минута. Напаѓачот на Милан постигна гол со ножички. Целосен пресврт Салернитана направи во 72.минута со голот на Ѓуриќ.

Пет минути подоцна Ребиќ израмни на 2:2 и го постави конечниот резултат.

Милан иам 56 бода на врвот, Интер со два натпревари помалку е на второот место со 54 бода, а Наполи со натпревар помалку има 53 бода. Салернитана со 14 бода остана на последното место.

Треба да знаете
Последни објави