Search

Барселона фаќа ритам во Ла Лига, настрада Валенсија

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона оствари убедлив триумф на гостувањето на „Месталја“ кај Валенсија со 1-4. Уште по првиот дел беше решен победникот, откако Каталонците поведоа со 0-3.

Обамејанг во 23. миута го постигна својот деби гол за Барса, а  Де Јонг во 32. минута зголеми на 0-2. Обамејанг постигна уште еден гол во 38. минута и го направи водството уште поубедливо.

Во 53. минута Солер донесе трошка надеж за Валенсија, но сите дилеми беа решени кога Педри постигна убав гол во 63. минута за конечен триумф.

Треба да знаете
Последни објави