Search

Барселона го доби кошаркарското „Ел Класико“ и го освои шпанскиот Куп

Кошаркарите на Барселона со со голем пресврт го совладаа Реал Мадрид со 64:59 во финалето на кралскиот куп.

Каталонскиот тим во првата четвртина постави неславен рекорд во шпанскиот Куп, постигна само пет поени за 10 минути. Претходно, Барселона во два наврати успеваше да ги задржи противниците на пет поени во една четвртина.

Но, ниту негативата од 14 поени (5:19)  не беше пречка за кошаркарите на Барселона да дојдат до трофејот. Прво, во втората четвртина ја намалија негативата на 18:29, а во третата четвртина дојде до минус пет (41:46). На стартот од последната четвртина, Барселона направи серија од 7:0 и поведе со 48:46.Со поените на Јокубаитис, Барселона поведе со 54:51, по што истиот кошаркар изнуди прекршок а поените му беа признати и Барселона во последните три минути влезе со предност од 57:53.

Дејвис погоди за 59:53, но во последната минута Серхуо Љуљ постигна четири поени по ред за израмнување 59:59. Миротиќ и донесе ново водство на Барселона, а по тајм-аутот на Реал, Дек не беше прецизен по што Миротиќ беше фаулиран. Кошаркарот на Барселона беше сигурен од линијата за слободни фрлања и зголеми на 63:59. Конечниот резултат го постигна Дејвис од линијата за слободни фрлања и на Барселона и го донесе 27 трофеј во кралскиот куп.

Никола Миротиќ беше најефикасен играч на натпреварот со 19 поени, Јокубаитис даде 12, додека кај Реал се истакна Ертел со 10 поени.

Треба да знаете
Последни објави